Тренерот на Фенербахче , Жозе Мурињо ги коментираше обвинувањата за расизам од Галатасарај . На 27 февруари беше донесена одлука за суспензија на Португалецот на четири натпревари поради изјавите на противничките играчи по натпреварот од 25. коло на турскиот шампионат.
62-годишниот тренер изјави дека противниците „скокаат како мајмуни“ на клупата. По жалба, суспензијата на Мурињо е намалена на два натпревари.
„Тие не постапија мудро, затоа што знаат за моето минато. Знаат за моите врски со Африка, со фудбалерите кои доаѓаат од тој континент, и со добротворните организации. Сакаа да тргнат од мене, но им се врати. Се знае каква личност сум. Имам недостатоци, и тоа сите го знаат, но расизмот не е една од нив. Најважно е што знам кој сум, и нападите за расизам беа лош избор“, рече Мурињо.