Home » Мухамед Аљи е нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Мухамед Аљи е нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК)

by Журнал.мк

Мухамед Аљи е нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти досегашниот директор на оваа институција, Стојанче Ангелов. Ангелов од денес е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 жртви.

„Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи. За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008. Моментално е на позицијата помошник-раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање“, изјави Ангелов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk