Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудурајќи на сериозни процедурални и администравнин процедури истакна дека Жерновски не може да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш не станал амбасадор.
Неофицијално, според извори на МКД.мк во МНР, и покрај тоа што Андреј Жерновски не ја испочитувал националната постапка за предавање акредитиви во Романија и официјално не бил назначен за амбасадор, тој подолг период престојувал во Букурешт и извршувал амбасадароска должност, што е спротивно на дипломатските протоколи. Како што дознаваме, се работи за немање потпис на акредитивите од новоизбраниот македонски претседател Гордана Сиљановска, што според романскиот протокол е неопходно кога доаѓа до промена на претседателот на државата од каде што доаѓа амбасадорот. И покрај укажувањата од претставниците на Романија, ова барање не било испочитувано од страна на Жерновски.