Home » Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со Генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со Генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО, со посебен фокус на претстојниот Самит на Алијансата, што ќе се одржи идниот месец, во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како Министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјава за што поскоро членство во Европската унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More