Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, од Минхен се упати кон Берлин каде што ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес.
Тој објави фотографија на својот профил на „Фејсбук“ која личи како да е од воз, и најави дека заедно со премиерот Мицкоски „ќе продолжат да работат на зајакнување на државната позиција во однос на европските прашања“.
„Во следните неколку дена, заедно со премиерот Мицкоски, ќе присуствуваме на Самитот на Берлинскиот процес. Продолжуваме да работиме на зајакнување на државната позиција во однос на клучните регионални и европски прашања“, напиша Муцунски.