За време на средбата двајцата соговорници изразија задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји и ги потенцираа бројните можности за унапредување на оваа соработка, особено на економски план. Во таа насока се најави и можноста за одржување на бизнис форум во Скопје, на кој ќе се разгледаат можностите за инвестирање во двете земји.
На средбата заемно беше оценето дека постои добра основа за уште подинамичен развој на економските односи во иднина, со очекување дека одржувањето на Бизнис Форумот во Скопје, ќе доведе и до поблиска економска соработка во периодот што следи.
Организирањето на бизнис форумот, има цел да ја потврди силната поддршка која Италија ја посветува на сè позначајното учество на италијанските компании во реализацијата на проектите за развој во секторите од стратешко значење за поврзаноста и за инфраструктурите во овој европски регион, а со цел да придонесе за побрза евроинтеграција на земјите од западен Балкан.