Home » Муцунски: Резолуцијата нема да влијае на патот кон членство во ЕУ

Муцунски: Резолуцијата нема да влијае на патот кон членство во ЕУ

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, изјави дека не очекува гласањето за резолуцијата да има негативни последици врз процесот на пристапување на земјава во Европската Унија. Според него, несогласувањата меѓу сојузниците се нормална појава и не го загрозуваат стратешкиот пат кон ЕУ.

„Искрено, не очекувам последици. Факт е дека сојузниците понекогаш може да имаат различни ставови по одредени прашања, но тоа не го менува големото пријателство и соработка. На пример, ден по резолуцијата, кога САД и Франција беа на спротивни страни, францускиот претседател Макрон го посети претседателот Трамп во Белата куќа и истакна дека двете земји секогаш стојат на вистинската страна на историјата“, рече Муцунски.

Министерот нагласи дека ваквите дипломатски разлики не треба да се преувеличуваат и изрази уверување дека земјата останува посветена на европската интеграција, без оглед на повремените предизвици.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk