Home » Муцунски: Принципот победник со победник не важи повеќе

Муцунски: Принципот победник со победник не важи повеќе

by Журнал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски истакна дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што истиот е веќе нарушен од страна на ДУИ во 2016-та година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.

Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.

-Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ в 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер и тоа јавно го кажуваме е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот – изјави Муцунски на Сител.

Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е клучно да се стигне до бројката 61 и потоа да се надмине таа бројка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More