Home » Муцунски оствари средби со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Муцунски оствари средби со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

by Журнал.мк

На средбата со амбасадорката Филипиду беше потврден заедничкиот интерес за унапредување на добрососедските односи, со цел зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку неговото целосно интегрирање во Европската Унија. Во таа насока, беа реафирмирани заложбите за продлабочување на билатералната соработка, особено во областите на инфраструктурното поврзување, енергетиката, одбраната, културата и туризмот.

Во разговорот со амбасадорот Памер беше изразено заедничко задоволство од досегашната динамика во билатералните односи, како и од континуираниот политички дијалог меѓу двете земји. Министерот Муцунски се заблагодари за досегашната австриска поддршка во процесот на исполнување на европските приоритети и македонските евроинтеграции. Фокусот на разговорите беша ставен и на економските и трговските односи, при што беше потенцирана потребата од нивно натамошно унапредување, со акцент на зголемување на инвестициите и продлабочување на деловната соработка меѓу бизнис-заедниците на двете земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk