На маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН, остварив средба со министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјам Џаишанкар. Средбата претставуваше одлична основа за понатамошно зајакнување на билатералните односи и отвори нови перспективи за соработка.
Разговаравме за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу нашите земји, како и за можностите за продлабочување на бизнис врските во повеќе сектори.
Исто така, дискутиравме за значењето на мултилатералната соработка, потврдувајќи ја заемната поддршка за конструктивната улога што двете земји ја имаат на глобално ниво.