Home » Муцунски оствари средба со Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ

Муцунски оствари средба со Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ

by Журнал.мк

Денеска во Скопје остварив средба со Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.

На средбата нагласив дека Регионалниот совет за соработка има значајна улога за стабилноста и економскиот развој на регионот. Регионалните иницијативи остануваат клучен механизам за зајакнување на интеграцијата и одржување на европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа.

Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европската интеграција и регионалната соработка, што е потврдено со усвојувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Овие процеси, заедно со
Заедничкиот регионален пазар, имаат конкретни придобивки за компаниите, институциите и младите во регионот.

Заеднички нагласивме дека е од суштинско значење сите ресурси да бидат ставени во функција на реализација на клучните регионални иницијативи, со што ќе се обезбеди одржлив развој и економска поврзаност на регионот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk