Денеска на средба го примив амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани.
Разговаравме за важноста од интеграцијата на регионот во Европската унија, нагласувајќи дека успешното заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за зајакнување на регионалниот развој, стабилност и безбедност.
Заеднички ја реафирмиравме нашата заложба како соседни земји и НАТО-сојузнички да продолжиме со интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.
Во фокусот беа и можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, зголемување на трговската размена и реализација на инфраструктурни проекти што ги поврзуваат нашите граѓани.
Разменивме мислења и за актуелни регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.