Home » Муцунски очекува што побрзо формирање на полиитчка Влада во Софија, за сега нема сигнали за можни разговори

Муцунски очекува што побрзо формирање на полиитчка Влада во Софија, за сега нема сигнали за можни разговори

by Журнал.мк

За сега нема никакви сигнали за разговори со властите во официјална Софија. Но Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски очекува што побрзо формирање на полиитчка Влада во Софија. Факт е дека Бугарија влегува во изборен период, и очекуваме есенва таму да се случат парламентарни избори.

„Јас посакувам што поскоро да иам политичка влада кај нашиот сосед со која можеме да дискутираме, да отвориме дијалог на повеќе ниво, од највисокко ниво, до некое ниво на министерства за надворешни работи/ Секогаш веруввам во разумноста и секогаш верувам дека процесот на интеграција на нашата земја во Еу, колку е од наш интерес, толку е оод интерес и за сите наши соседи“, рече Тимчо Муцунски -министер за надворешни работи.

Тој вели дека македонските позиции се јасно познати и оти од нив нема отстапување и оти врз основа на таквите позиции треба да се разговора не само со Бугарија, туку со сите соседи

„Ние велиме дека треба да имаме сигурност, дека процесите кои ќе ги водиме иднина ќе бидат предвидливи.И тоа е значајно како за нас како држава, штитејки ги националните интереси на граѓаните, така е важно и за Еу, бидејки секоја дополнителна билатерализација на процесот на европска интеграција го руши леитимитетот на прошиорување на Еу. Ние велиме ако се чуствуваме сигурни, патот понатаму може да се остварува според опипливи и мерливи критериуми, а кои произлегуваат од европски стандарди, тогаш имаме простор да дискутираме, како да го придвижиме патот на Македонија како држава, со тој план што го предвидуваме“, рече Тимчо Муцунски-министер за надворешни работи.

Муцунски неодамна рече дека се подготвени сме да прифатат уставни измени, со одложна примена, обезбедувајќи на тој начин гаранција здека нема да има дополнителни нови условувања од Бугарија на билатерална основа на патот кон Европската Унија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More