Home » Муцунски на средба во Париз кај својот француски колега Баро: Билатералните односи и ЕУ членството во фокусот

Муцунски на средба во Париз кај својот француски колега Баро: Билатералните односи и ЕУ членството во фокусот

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој денеска претстојува во работна посета на Париз, преку социјалните мрежи сподели дека денешниот ден го започнал со одлична средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро.

За време на средбата, како што вели, двајцата заеднички изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и разговарале за понатамошна цврста и продлабочена соработка меѓу двете земји – како на политичко, така и на економско ниво, преку зајакнување на соработката помеѓу компаниите и владите.

„Упатив искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани.Франција е наш искрен пријател и поддржувач. Се заблагодарив и за француската поддршка за исполнување на нашата стратешка цел – членството во Европската Унија. Министерот Баро ја реафирмираше цврстата поддршка на Франција за нашиот пристапен процес, истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи да се залага за проширување на Унијата и активно да придонесува кон остварување на оваа наша цел, истакна во својата објава министерот Муцунски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk