Home » Муцунски на средба со комесарот за трговија на Обединето Кралство, Бартон

Муцунски на средба со комесарот за трговија на Обединето Кралство, Бартон

by Журнал.мк

За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на двете држави.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со оствари средба со Крис Бартон, комесар за трговија на Обединетото Кралство.

За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.

Министерот Муцунски го запозна соговорникот со економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажа дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлече значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.

Комесарот Бартон го истакна интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.

Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот најновите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk