Home » Муцунски на средба со Георгиев: Билатералните спорови станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес

Муцунски на средба со Георгиев: Билатералните спорови станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.

На средбата се разговараше за поголем број теми, вклучувајќи ги билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во Бугарија.

Министерот Муцунски изрази жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

Притоа, тој истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со взаемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи покрај другото подразбираат и поддршка за европските интеграции како стратешка определба на државата.

Министерот Муцунски на средбата го отвори и прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласи потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk