Денеска остварив работна со Почесните конзули на странските земји.
На средбата се заблагодарив за плодната соработка и комуникација во изминатиот период, како и на посветеноста во промовирањето на богатата македонска култура и наследство, што како активност секако помага за зголемен степен на зближување и доверба со државите кои тие ги претставуваат.
Говорејќи за новите надлежности на институцијата со која јас раководам, изразив надеж дека почесните конзули како наши државјани, ќе дадат силен придонес во економијата, привлекувањето странски инвестиции, поттикнување на трговската размена, засилување на туристичките понуди, како и зголемување на сите видови соработка.
Во рамки на обраќањето се осврнав и на геополитичките случувања во регионот и во Европа, нагласувајќи дека новата влада има цел да биде силен, кредибилен и одговорен субјект во меѓународните односи и да бидеме земја која активно придонесува за стабилноста, безбедноста, сигурноста и економскиот просперитет на регионот и пошироко.