Home » Муцунски: Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство

Муцунски: Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство

by Журнал.мк

-Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности – дијалог, еднаквост, почит и соработка. Во време на глобални предизвици, овие вредности се поважни од кога било и претставуваат патоказ за стабилност и развој во нашиот регион и пошироко, истакна министерот Тимчо Муцунски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата.

Настанот беше отворен со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

На панел-дискусијата учествуваа амбасадорите на неколку франкофонски земји акредитирани во Република Македонија, меѓу кои Франција, Швајцарија, Романија и Грција, кои преку свои излагања ја истакнаа важноста на Франкофонијата како платформа за мултилатерализам и културна разновидност.

Темата на панелот беше фокусирана на значењето на Франкофонијата како заедница на вредности, културен дијалог и солидарност, со посебен осврт на нејзината улога во современиот геополитички и регионален контекст.

-Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности – дијалог, еднаквост, почит и соработка. Во време на глобални предизвици, овие вредности се поважни од кога било и претставуваат патоказ за стабилност и развој во нашиот регион и пошироко, истакна министерот Тимчо Муцунски.

-Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, но и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста, додаде тој, нагласувајќи дека францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.

Во своите обраќања, дипломатските претставници на франкофонските земји нагласија дека Франкофонијата претставува силна основа за градење мостови меѓу културите, поддршка на мирот и демократијата, како и промоција на образованието, младинските перспективи и родовата еднаквост. Тие ја подвлекоа и важноста од продлабочување на регионалната соработка во духот на франкофонските вредности.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk