Home » Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

by Журнал.мк

Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, вечерва му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако беше предложен за министер за наворешни работи во новата влада.

„Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека на оваа функција пристапува со цврста решеност и посветеност да работи исклучиво за интересите на Македонија и сите нејзини граѓани.

„Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“, напиша Муцунски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More