23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Му ветиле работа во Канада и му одзеле 28.000 денари од сметка

Најчитани вести

МВР соопшти дека 27-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од човек кој му ветувал престој и работа во Канада, за што уплатил 28 илјади денари.

„Лице кое се претставило како С.Б., од консултантска фирма од Канада на А.С. (27) од Тетово му испратил понуда за престој и работа во Канада. Според пријавата С.Б. требало да  им ја достави потребната документација, како и бројот од кредитната картичка на А.С од која ќе ја повлечат потребната сума на пари, а тие ќе му ја пополнат апликацијата и за период до шест месеци ќе биде известен за аплицирањето“, информира СВР Тетово.

Тетовецот набргу од банката бил известен дека од неговата сметка биле повлечени 27.850 денари.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести