23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

MSI во текот на CES ќе претстави два премиум гејминг монитори

Најчитани вести

MSI во текот на претстојниот CES 2021 саем ќе претстави голем број различни производи, меѓу кои се и два монитора. Oculux NGR253R и MPG Artymis 343CQR се наменети за гејмерите, нудат високи стапки на освежување, брз одзив и Adaptive Sync.

Oculux NXG253R има 24,5-инчен Rapid IPS панел со FullHD резолуција, брзина на освежување од 360Hz и 1ms G2G одзив. Во прашање е G-Sync монитор, со вграден Nvidia Reflex Latency Analyzer за тестирање на брзината на мониторот. Од конекторите се достапни 2x HDMI 2.0, DisplayPort 1.4 и неколку USB портови.

MPG Artymis 343CQR има 34-инчен дисплеј, со закривеност од 1000R, UWQHD резолуција (3440x1440p), 1ms одзив и брзина на освежување од 165Hz. Мониторот го карактеризира Adaptive Brightness 2.0, NightVision AI, Smart RGB и AI Crosshair за подобро гејминг искуство.

MSI ќе ја одржи својата презентација како дел од CES 2021 виртуелниот саем на 13 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести