Пејачката Наташа Беквалац ја објави новата песна „Мали тајни“ за која вели дека е најличната што некогаш ја отпеала.
Денеска точно напладне излезе долгоочекуваната песна на Наташа Беквалац за која, како што изјави претходно, и требаше многу сила да се одважи и да ја отпее оваа песна.
“За неколку дена ќе ја пуштам песната на мојот живот. Ми требаше долго време да ја снимам, секогаш имав впечаток дека не сум доволно добра за неа. И тогаш сфатив дека само така, недоволно добра и да ја снимам. Така ми звучи душата“, напиша таа пред неколку дена на социјалните мрежи.
“Оваа песна им ја посветувам на моите сестри, бидејќи тие беа единствените кои беа секогаш тука за мене“, истакна пејачката.
Спотот за оваа песна е снимен на Ибица, а при интерпретацијата на самата песна со советите и помогнала актерката Аница Добра, на што пејачката е неизмерно благодарна.
“Но, вие не ги знаете моите тајни, тие се темни и одлични, да ги дознаете ќе има трајни последици“, вели само дел од песната.