2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Можен и Baby Ford Mustang Mach-E

Најчитани вести

Електричниот Ford Mustang Mach-E e претставен минатиот месец, но во компанијата од САД, наводно, планираат уште еден електричен crossover, овој пат во помал формат …
За тој проект во Ford би требале да ја реализираат соработката со Volkswagen во однос на платформата за електричните возила.

Поточно, новиот помал crossover на струја на Ford би можел да користи модифицирана верзија на MEB платформа, a што може да подржува заден и погон на сите четири тркала.

Исто така, Ford во тој модел би можел да понуди неколку верзии со моќност до 306KS, со различни капацитети на батериите и автономија и до 300 милји (483 km).

Сепак, на одлуката за пристигнувањето на помалиот crossover на струја од погоните на Fordќе влијае и тоа како ќе биде прифатен кај купувачите неодамна претставениот ford Mustang Mach-E.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести