Home » Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел

Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел

by Журнал.мк

Трет пат во Вашингтон за осум месеци- премиерот Мицкоски оваа посета ја отвори со средба со заменик помошникот секретар за Западен Балкан. Фокус на разговорите бил евроинтегративниот пат на Македонија.

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот. Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели! , напиша Мицкоски на фејсбук.

Американската амбасадорка Агелер пак, денеска со воодушевување го истакна фактот дека Мицкоски третпат е во Вашингтон што, според неа, е показател за зајакнување на билатералните односи со САД –но сепак јасно стави до знаење дека Вашингтон не дава гаранции за европскиот пат на Македонија.

САД и ЕУ имаат различни пристапи и интереси во регионот, а Македонија се наоѓа помеѓу тие две сили. Наместо да балансира, земјата треба стратешки да води две одвоени политики – една посветена на односите со Вашингтон, а друга фокусирана на Брисел, сметаат дел од домашните експерти.

ЕУ не го става Балканот во листата на приоритети, а САД не се подготвени да се ангажираат во ситуација каде што ќе мораат активно да помагаат, вели Арсовски.

Премиерот Мицкоски од денеска, па до 22 февруари ќе престојува во Вашингтон, каде што ќе присуствува на годишната Конференција за конзервативна политичка акција, а се очекува да има и обраќање во рамките на самиот настан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk