Home » Motorola подготвува уште еден флегшип со најмоќниот Snapdragon чипсет

Motorola подготвува уште еден флегшип со најмоќниот Snapdragon чипсет

by Журнал.мк

Уште во декември, Motorola беше првата компанија што објави телефон со најновиот и најдобар чипсет од Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 1. Нешто помалку од еден месец подоцна, наводно веќе се подготвува да го лансира својот следен смартфон со споменатиот чип, пренесува дојавувачот @stufflistings.

Засега дотичниот телефон се вика Moto Edge 30 Pro, иако не е сигурно дали ова ќе биде официјалното име на денот на претставувањето. Зборувајќи за тоа, типстерот наведува дека Motorola Edge 30 Pro веќе го поминал внатрешното тестирање во голем број азиски земји, што значи дека би можел да биде лансиран во следните неколку месеци. Уредот досега има поминато дури и повеќе од една сертификација, што дополнително го поддржува ова предвидување.

Протечените тестови на Geekbench покажуваат дека Snapdragon 8 Gen 1 работи на 3,0 GHz, поврзан со 12GB RAM меморија. Покрај тоа, се покажа дека телефонот од старт доаѓа со Android 12, што одлично се вклопува со неговите флегшип спецификации.

Останатите предвидувања за Motorola Edge 30 Pro вклучуваат голема батерија од 5.000 mAh, што не е изненадување, со оглед на тоа што се работи за телефон на Motorola. Се зборува и за поддршка за брзо полнење до 68W.

Последно, но не и најмалку важно, има шпекулации за камерите на задната страна. Motorola Edge 30 Pro веројатно би можел да дојде со главна камера од 50 MP или 108 MP, која ќе биде дел од системот со тројна низа. Сепак, не се знае многу за другите две, ниту за селфи камерата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk