21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Motorola откри повеќе детали за својот најмоќен смартфон (ВИДЕО)

Најчитани вести

Компанијата Motorola го објави првото тизер видео за својот нов модел што ќе го користи најновиот Snapdragon 870 5G процесор.

Иако тизерот првенствено ја покажува надворешноста на уредот и дел од камерата, за момент е можно да се види внатрешноста на уредот, со најновиот процесор Snapdragon во центарот, што укажува на тоа дека Motorola подготви уште еден моќен телефон кој сигурно ќе импресионира корисниците.

Новиот Snapdragon процесор носи сè што корисниците денес очекуваат и бараат од мобилните телефони – 5G конекција, премиум интелигенција, унапредени перформанси и врвен гејминг за да пружи незапирлива брзина и ефикасност.

Мобилната платформа Snapdragon 870 5G обезбедува моќни перформанси за поврзување, кои го вклучуваат Snapdragon X55 5G модем-RF системот и  Qualcomm FastConnect 6800 подсистемот.

Со 5G и Wi-Fi 6 можности, Snapdragon 870 обезбедува големи брзини, зголемен капацитет и опции за поврзување, без оглед на тоа каде го користите и се поврзувате на 5G.

Покрај исклучителните можности за користење на интернет, Snapdragon 870 5G процесорот е унапреден со Kryo 585 процесор и ултра-брзата Adreno 650 графика, за да им овозможи на корисниците брзо и ефикасно искуство на користење на мобилните уреди.

Kryo 585 процесорот е во состојба да извршува исклучително тешки и интензивни задачи со работен такт до 3,2 GHz, додека за неверојатната ефикасност е задолжен AI од 5-та генерација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести