Home » Моторџиите се организираат за погребот на Бора Чорба во сабота во Чачак

Моторџиите се организираат за погребот на Бора Чорба во сабота во Чачак

by Lina Muslija

На социјалните мрежи, моторџиите се организираат за патување до Чачак за погребот на, како што велат, „нашиот Бора“.

„Одиме моторџии, масовен погреб за нашиот последен RnR гладијатор кој со години ги полнеше мото собирите, тој заслужи да дојдеме што повеќе, со неговата музика пораснаа генерации“, се наведува во поканата.

„Треба да ги запалиме машините во сабота и да го испратиме нашиот Боро“, се вели во еден коментар.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ нѐ напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година.“ стои во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More