Јувентус ја запиша втората победа во Лигата на шампионите, победа над РБ Лајпциг од 3:2 на гостувањето во Германија.
Калчолигашот се покажа во вистинско светло, покажа карактер и со играч помалку на теренот, постигна две гола и дојде до триумф и задржување на 100 процентниот учинок во елитното натпреварување.
-Игравме добро и во првото полувреме, дури и ако имаше неколку технички грешки, но бевме уште подобри со десетмина на теренот. Мислам дека разликата во вториот дел беше во тоа што имавме повеќе верба и сакавме да ја докажеме нашата супериорност на теренот. Првото полувреме беше добро, но во второто требаше да докажеме дека сме супериорни од нашите противници и затоа ја заслуживме победата, -рече тренерот Тиаго Мота кој им се заблагодари на играчите за партијата која ја прикажаа во Лајпциг.
-Храброста ја покажаа моите играчи, не јас, па тие ја заслужуваат заслугата. Тимот даде чувство дека искрено верува во она за што зборувавме пред натпреварот. Овие играчи го носат дресот на важен клуб, па таков менталитет треба да имаат. Момците ја покажаа својата гордост и решителност, за целиот персонал кој работи со нив, за сите навивачи кои беа тука вечерва и кои гледаа дома. Таа желба, посветеност и одлучност мора да ја пренесеме. Мило ми е за тимот, бидејќи тоа беше тежок натпревар со некои негативни ситуации, но ние одлично реагиравме на тие, -истакна стратегот.
„Старата дама“ пред репрезентативната пауза ќе го пречека Калјари во Серија А.