Home » Мота идетификувал тројца фудбалери кои се недопирливи во Јувентус

Мота идетификувал тројца фудбалери кои се недопирливи во Јувентус

by Lina Muslija

Јувентус ја заврши сезоната со победа над Монца и стави крај на кампањата која во завршницата донесе и многу турбуленции, пред се по освоениот трофеј во Купот.

Два дена по титулата во Копа Италија, Јувентус му врачи отказ на Масимилијано Алегри и го осуди неговото недолично однесување во Купот, па додека во оваа епизода меѓу двете страни се очекува и судски спор, клубот мора да се насочи и кон тоа што следи.

Првиот тим на последните два меча беше воден од Паоло Монтеро, но повеќе од јасно е дека Јувентус во новата сезона како лидер во стручниот штаб ќе го има Тиаго Мота, кој сега е пред промоција во Торино.

Иако договорот уште не е потпишан, двете страни дадоа зелено светло за комплетирање на операцијата и Мота ќе биде наследникот на Алегри, а медиумите од Италија веќе пишуваат и за првичните идеи кои ги има Тиаго за својот тим во Јуве.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Мота во својата глава има само тројца недопирливи играчи во Јувентус, а тоа се младите фудбалери кои допрва треба да се развијат во големи фудбалски ѕвезди.

Станува збор за Камбијасо, Јилдиз и Фаџоли, играчи за кои Мота смета дека се сегашноста и иднината на Јувентус, тим кој за очекување е да биде освежен и со неколку нови имиња во летниот преоден рок.

Италијанските медиуми најавуваат дека Мота ќе биде официјално назначен како тренер на почетокот на месец јуни, а во овој момент најголемо прашање се отвора за една од најголемите ѕвезди во тимот, Федерико Киеза.

Новинарите не ја исклучуваат можноста Киеза да биде ставен на трансфер пазарот по доаѓањето на новиот тренер, но сепак последниот збор за ова прашање ќе го има Тиаго откако ќе ги одработи првите тренинзи како тренер на Јувентус.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More