Теун Копмајнерс се уште е во фаза на аклиматизација во Јувентус и е далеку од своето најдобро ниво кое го презентираше во Аталанта, но изданија како она вчера против Калјари сигурно ќе му помогнат да се врати во посакуван ритам.
За разлика од обично, Тиаго Мота вчера реши да го игра Копмајнерс малку поповлечено и го смести Јилдиз пред него во офанзивниот ред, а тоа донесе навистина добра и течна игра од „старата дама“ која постигна четири гола во мрежата на противникот.
Копмајнерс имаше извонредни движења во средниот ред и покриваше на двете страни од теренот, но уште поимпресивно е што постигна и фантастичен гол и покрај тоа што не бил целосно здрав за игра.
– Копмајнерс беше навистина многу добар, но го извадив од игра пред да истече еден час поради тоа што имаше симптоми на грип. И покрај тоа што не беше целосно здрав, се стави на располагање на тимот во такви услови и одигра нависитна многу добро.
– Може да се испробуваат варијанти со него, тој може да игра на било која позиција во офанзивниот дел. Тој е играч со технички квалитети, физички е силен и има фантастичен менталитет. Тој секогаш помага да се реагира во тешки моменти, а притоа не бара изговори или било какво алиби.
– Не е важно дали игра како „4-ка“, „6-ка“ или „8-ка“ на теренот, најважна работа е да биде во посакувана форма. Во него добивме топ играч на теренот, но и надвор од него, – потенцира Мота.