Home » Моша Пијаде – Тетово доби нов изглед: Промовиран почетокот на реконструкцијата со поддршка од МОН и ЕУ

Моша Пијаде – Тетово доби нов изглед: Промовиран почетокот на реконструкцијата со поддршка од МОН и ЕУ

by Журнал.мк

Во просториите на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово денес се одржа настан по повод промоцијата на реконструкцијата на училиштето, на кој присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Секторот за развојни проекти и координација со ЕУ, наставници, ученици, медиуми и други гости.

Настанот започна со поздравни обраќања и кратки говори од страна на претставниците, кои ја истакнаа важноста на инвестициите во квалитетно стручно образование и создавање современи услови за младите.

По официјалниот дел, присутните имаа можност да направат обиколка низ реконструираните простории, каде веќе се чувствува разликата – од технички подобрени училници до освежени простори за практична настава.

Реконструкцијата на центарот претставува значаен чекор во напорите за модернизација на стручното образование во регионот, со цел обезбедување релевантни вештини и знаења за младите генерации. Настанот помина во позитивна атмосфера и со заедничка порака за продолжување на поддршката кон образовниот сектор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk