Mилан и Ливерпул вечерва ќе играат во една од дерби пресметките во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар за медиумите зборуваше напаѓачот на „росонерите“, Алваро Мората.
Според Мората овој натпревар може да биде и финале во Лигата на шампионите.
„Ништо не е исто како натпревари од Лигата на шампионите, ова е едно поразлично натпреарување. Сите знаат дека тука играат најдобрите во Европа и важноста е огромна. Кога играш за Милан мораш да сонуваш за најголеми работи. Натпреварот Ливерпул – Милан може да биде и финале во ЛШ. Ќе се обидеме да се прикажеме во најдобро светло пред фаовите“, изјави Мората.
Како што најавуваат медиуми, Мората треба да биде стартер вечерва откако ги надмина проблемите со повредата.