Home » MONEYVAL: Македонија со напредок во спречувањето перење пари, но потребни се дополнителни реформи

MONEYVAL: Македонија со напредок во спречувањето перење пари, но потребни се дополнителни реформи

by Lina Muslija

Македонија направила напредок во јакнењето на правната и институционалната рамка за спречување на перење пари и финансирање тероризам, но се потребни дополнителни напори за надминување на преостанатите слабости. Ова се наведува во новиот извештај на телото на Советот на Европа за борба против перење пари – MONEYVAL, објавен на 25 јуни 2025 година во Стразбур.

Во извештајот се потенцира дека е постигнато подобрување кај три од препораките на Меѓународната група за финансиска акција (ФАТФ), и тоа во делот на трансакции со жичен трансфер, внатрешна контрола и надзор на странски филијали, како и транспарентност околу вистинските сопственици на трастови и слични правни форми.

Од последната евалуација во мај 2023 година, Северна Македонија го подобрила нивото на усогласеност со стандардите на ФАТФ. Претходно оценети како „делумно усогласени“, трите препораки сега се оценети како „во голема мера усогласени“. Сепак, напредокот во делот на регулацијата и надзорот врз финансискиот сектор (Препорака 26) не бил доволен за подобрување на оценката, која останува „делумно усогласена“.

Од вкупно 40 препораки на ФАТФ, Македонија сега има:

  • 31 препорака оценета како усогласена или во голема мера усогласена;
  • 9 препораки остануваат делумно усогласени.

Државата ќе треба да поднесе нов извештај до MONEYVAL за една година, во кој ќе се прикаже понатамошниот напредок во зајакнување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk