Home » МОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

МОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

by Журнал.мк

Отворен е Рокот за аплицирање за студентска стипендија за сите корисници кои ова право го исполнле во некоја од претходните академски години, информира Министерството за образование и наука (МОН).

За продолжување на правото на стипендија, сите корисници треба да прикачат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

Сите документи треба да се прикачат на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk

За било каква информација или прашање обратете се на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk .

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk