Од Министерството за образование и наука доцна вчеравечер за ТВ 21 потврдиле дека имало обиди за хакерски напад, но додаваат дека објавените снимки се лажни.
Од Министерството за телевизијата велат дека објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери.
Инаку, претходно на Твитер беше објавено видео за кое се тврди дека е од безбедносните камери на министерството.