Home » МОН денеска ќе исплати 120 милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз за студентите

МОН денеска ќе исплати 120 милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз за студентите

by Журнал.мк

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, соопшти дека денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје за бесплатен превоз за студентите. Последен пат кога МОН исплати средства кон ЈСП е во 2021 година, а од тогаш до денес не била донесена одлука за субвенциониран превоз.

– Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба да полагаат во јануарската испитна сесија – изјави министерката Јаневска.

ЈСП доброволно ги вози студентите, договорот за бесплатен превоз не е продолжен од 2022 година

Од 2022 година до денес Владата нема донесено одлука за вршење субвенциониран линиски превоз за студенти, а ЈСП самостојно решило да продолжи бесплатно да ги вози студентите. Последната исплата на Министерството за образование и наука кон ЈСП е направена во 2021 година, кога се исплатени два милиони евра.

Законот за високо образование вели дека Владата може, но и не мора да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што средствата се обезбедуваат од државниот Буџет.

Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите, од утре ќе можат да се продолжат билетите

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тогаш изјави дека побарала од Владата да се исплати долгот кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите којшто вели дека од 2021 година па наваму не се исплаќа и вели дека е против укинување на слободниот автобуски превоз за студентите.

– Не го прекинуваме слободното возење за студентите. Има зошто се вика студентски стандард. Најдете јунак кој ќе каже дека не треба да им се плаќа на студентите за тоа. Тоа е владина одлука донесена пред десет години – изјави таа.

Од Министерството, пак, реагираа дека немаат документ, ниту договор со ЈСП и со Град Скопје, за да бидат исплатени тие средства.

Оваа недела, на владина седница беше донесена одлука, Министерството за образование и наука да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени за студентски превоз.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk