Американската вселенска агенција NASA објави фотографија и видео од планетата Земја од вселената, што е снимено со вселенското летало Blue Ghost (Син дух) кое неодамна беше лансирано кон Месечината.
Мисијата Blue Ghost вчера го изведе вториот орбитален маневар со кој се менува правецот на самото летало и се насочува кон Месечината.
Firefly ја сними убавината на нашата матична планета за време на уште едно нурнување во орбитата на Земјата. Ова второ согорување на моторот (и прво критично согорување) ја постави траекторијата на Blue Ghost, рекоа од мисијата.
https://x.com/nasa/status/1882872996031066248?s=46
Оваа мисија беше лансирана на 15 јануари од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, а беше лансирана со ракета Falcon 9 на SpaceX.
Кога мисијата ќе пристигне на Месечината, која е закажана за 2 март, инструментите ќе ја тестираат технологијата за дупчење на Месечината, способноста за собирање примероци од месечеви карпи и почва и методи за ублажување на месечевата прашина.
„NASA го води светот во истражувањето на вселената, а американските компании се клучен дел за враќањето на човештвото на Месечината. Научивме многу лекции за време на ерата на Apollo кои ги информираа нашите технолошки и научни достигнувања“, соопшти NASA.
Како дел од современите активности на NASA за истражување на Месечината, испораката на научни инструменти ќе му помогне на човештвото подобро да ги разбере планетарните процеси и еволуцијата, да бара вода и други ресурси и да поддржи долгорочно, одржливо истражување на Месечината во подготовка за мисија која ќе вклучува испраќање луѓе до Марс.