Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека биле фрлени две шишиња со запалива материја во двор на напуштена куќа во селото Арачиново.
Едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот бргу се проширил. Нема повредени бидејќи куќата е одамна без жители. Пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците на куќата, кој и ја поднел пријавата за инцидентот.
Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот, а сега се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, се работи на утврдување на мотивите за овој инцидент и на идентификација на сторителите.