Home » Молдавија гласаше „не“ на референдумот за членство во ЕУ

Молдавија гласаше „не“ на референдумот за членство во ЕУ

by Журнал.мк

Молдавците на референдумот што се одржа вчера гласаа против пристапувањето на земјата во Европската Унија (ЕУ), според прелиминарните резултати, јавува Анадолу.

Граѓаните се упатија кон гласачките места за претседателските избори и за референдумот за членство во ЕУ.

Се чини дека тие ги отфрлија плановите поранешната советска република во Уставот да ја додаде својата цел за пристапување во ЕУ.

Резултатите од 70 отсто од гласачките ливчиња на референдумот покажаа дека 55 отсто од гласачите кажале „не“ на предлогот, додека речиси 45 отсто одговориле „да“.

Гласачите беа прашани: „Дали сте за пристапување на Република Молдавија во Европската Унија?“

Исходот од референдумот ќе одреди дали пристапувањето во ЕУ ќе стане уставна цел.

Прозападната претседателка Маја Санду во меѓувреме ќе се соочи со прорускиот социјалист Александр Стојаногло во вториот круг претседателски избори во Молдавија.

Санду освои 38,5 отсто од гласовите, додека Стојаногло доби 28,5 отсто во првиот круг.

Одѕивот беше близу 50 отсто, многу повеќе од 33 отсто потребни за резултатот да биде валиден.

Вториот круг на 3 ноември се очекува да биде тесна трка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk