16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Мојс повторно на тренерската функција во Вест Хем

Најчитани вести

Премиерлигашот Вест Хем официјално го објави назначувањето на Дејвид Мојс за тренер на клубот. Шкотскиот специјалист веќе го водеше тимот од ноември 2017 година до мај 2018 година и го освои 13. место таа сезона во Премиер лигата.

По напуштањето на лондонскиот клуб, Мојс не водеше ниту еден тим.

Мојс на клупата на „чеканите“ ќе го наследи Мануел Пелегрини кој прд два дена доби отказ од клубот поради слаби резултати.

Во својата тренерска кариера Мојс од позвучните клубови ги предводеше Евертон, Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести