Home » Салах има договор да го напушти клубот во јуни

Салах има договор да го напушти клубот во јуни

by Журнал

Moхамед Салах се приклучи на тимот на Ливерпул по повредата која ја заработи на Африканскиот Куп на Нации, а сега внимание привлече поранешниот играч на „црвените“ Марк Лоренсон. Имено, според неговата изјава Салах има договор да го напушти клубот во јуни.

„Сигурен сум 100% дека Салах ќе замине ова лето. Без разлика што ќе се случува, мислам дека има договор помеѓу двете страни.

Очекувам да се пресели во лига како таа во Саудиска Арабија, се надевам Ливерпул добро ќе заработи. Ако Салах се пресели во Саудиска Арабија ќе биде третиран како крал. Можеше тоа да го направи и минатото лето“, изјави Лоренсон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More