На Мохамед Салах, моментно еден од најдобрите фудбалери во светот, на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул.
Египетскиот крилен напаѓач на „црвените“ игра одлично и оваа сезона досега постигна 15 голови и има 12 асистенции во 21 натпревар.
Поранешниот египетски репрезентативец Хајтам Фарук откри дека Мохамед Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул.
На социјалните мрежи тој му честиташе на Салах за продолжувањето на соработката со „црвените“.
Англиските медиуми го сметаат Фарук за сигурен извор, со оглед на тоа што работи во ТВ станица на Островот како консултант.