Home » Moдриќ викендов може да се израмни со Андрес Иниеста

Moдриќ викендов може да се израмни со Андрес Иниеста

by Lina Muslija

Капитенот на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, во недела може да изедначи по бројот на настапи во Ел Класико со Андрес Иниеста, поранешниот играч на Барселона. Реал и Барселона се среќаваат четврти пат оваа сезона, а натпреварот е од лигашка природа и може да биде клучен во борбата за титулата. Ако Каталонците победат, Реал веројатно ќе остане без шанса за некој од трите најважни трофеи, бидејќи пред крајот ќе заостануваат седум бодови со три кола преостанати.

Во случај на победа на Реал, разликата би се намалила на еден бод и трката за титулата би останала отворена до крајот. За Модриќ, ова може да биде последната сезона во дресот на Реал. Веќе години наназад се шпекулира за неговото заминување, но оваа сезона сè укажува дека промената е поблиску од кога и да било, бидејќи повеќе не е редовен дел од почетниот состав и сè почесто останува на клупа. Сепак, натпреварот во недела му дава можност да го изедначи Иниеста по бројот на настапи во Ел Класико.

Иниеста моментално е на деветтото место со 38 настапи, а Модриќ има 37, колку што имаат и Касиљас, Раул и Јеро. Тој е единствениот активен играч од Реал или Барселона во првите десет. Над Модриќ се уште Бускетс со 48 настапи, Рамос и Меси со по 45, Бензема со 43, и Жентo, Санчис и Чави исто така со 43, а Пике со 40 и Иниеста со 38.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk