Home » Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19

Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19

by Журнал.мк

Фармацевтската компанија Модерна соопшти дека добила целосно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за примена на нејзината вакцина против Ковид-19 на лица постари од 18 години.

Вакцината доби одобрение за итна употреба во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година извести дека е завршена целата процедура за аплицирање за целосното одобрување на вакцината.

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек доби целосно одобрение во САД минатата година.

Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји низ светот, вклучувајќи ги и Канада и членките на Европската унија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More