Home » МО ќе формира специјална комисија за инцидентот со капетанот Албанец на Криволак

МО ќе формира специјална комисија за инцидентот со капетанот Албанец на Криволак

by Журнал.мк

За нападот на албанскиот капетан во Криволак за време на селекционен курс во баталјонот за специјалци „Волци“ формирана е комисија која треба да го испита и расчисти случајот. Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага во изјава за Алсат вели дека извештајот на комисијата треба да биде готов до 20 јуни. Ноќта кога бил нападнат војникот Албанец, Јајага го посетил во психијатриската болница.

„Побарав да се формира специјална комисија која ќе се занимава со случајот. Комисијата е составена од претседател, потпретседател и неколку членови кои до 20-ти ќе изготват извештај за состојбата. Врз основа на извештајот на комисијата, и врз основа на законот и надлежностите заедно со други институции ќе бидат преземени конкретни мерки доколку се прекршени надлежностите ги имаат инструкторите и службениците на тој курс“, вели Јајага.

Но дали од Генералштабот на АРМ ја ставаат новоформираната комисија пред свршен чин. Првичната проценка е дека не е постапувано надвор од надлежностите и не е прекршена регулативата за избор.

„Евидентиран е вонреден настан, инцидент поврзан со припадник на армијата како учесник на селекторскиот курс во баталјонот за специјални сили. Врз основа на првата оцена на случајот, не се констатирани активности кои се во спротивност со одредбите од „Правилникот за начинот на избор на активни војници и професионални војници во специјалната единица на Армијата“. Детали за случајот не можат да се даваат поради натамошното испитување на случајот од соодветната комисија“, велат од ГШ.

Физичкиот напад врз капетанот Албанец се случил во Центарот за воена обука Криволак. Тој бил нападнат од најмалку 6 лица за кои се тврди дека исто така биле кандидати на селекторскиот курс. Тој бил испратен во државната болница, а потоа и во психијатриската болница во Бардовци. Баталјонот „Волци“ и понатаму останува недопирлив за Албанците.

Новоформираната комисија треба да ги испита и да одговори и на гласините кои се поврзуваат со инцидентот – дека бил однапред исцениран за да се поттикнат меѓуетнички тензии и за да се нарушат односите меѓу Македонците и Албанците на стартот од формирањето на новата влада и дали во случајот биле вклучени високи воени структури кои важат за недопирливи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More