Home » Моќни семиња за губење килограми

Моќни семиња за губење килограми

by Журнал.мк

Здрава храна

Ситните семиња се толку нутритивно и енергетски моќни, па ако ги додадете во салата и јадете по една рака на ден од нив – ќе носите фармерки од пред 10 години. Семињата се вистинска витаминска бомба и ризница со хранлива вредност. Истражувањата покажаа дека некои од нив благотворно влијаат и на фигурата – го забрзуваат согорувањето на мастите, ги чистат цревата и дигестивниот систем, заситуваат, спречуваат запек и надуеност.

Истражувањата покажаа дека семките од лен ви помагаат да изгубите тежина, а потоа да ја одржите витката линија. Како да ги консумирате за брзо да ги добиете очекуваните резултати? Семето од лен, кога е натопено во вода, се зголемува во волумен неколкупати и се опкружува со големо количество слуз. Поради ова својство, лекарите и диететичарите веруваат дека е одлично за желудникот и треба трајно да биде вклучено во секојдневната исхрана.

Лененото семе е богат извор на влакна, кои ви овозможуваат да останете сити долго време и на тој начин да го контролирате гладот. Истражувањата покажаа дека лененото семе помага да ослабете, а потоа да ги одржите витката линија и добрата форма – ја регулира хормоналната рамнотежа, го одржува апетитот, ја олеснува дефекацијата, ја подобрува цревната перисталтика, спречува запек и надуеност. Овие семиња се познати и по нивните моќни антиоксидантни својства.

Научниците ги истражувале и својствата на чиа-семето, а студиите покажале дека му помага на телото да се ослободи од вишокот килограми. Чиата го подобрува процесот на варење, ги отстранува наслагите и метаболичките продукти од цревата, го елиминира запекот и ги блокира нападите на глад. Тоа ви помага да изгубите тежина, а потоа да ги одржите вашата тежина и витката линија. Чиа-семето може успешно да се додаде во пудинзи, кашести сокови, мусли, колачи и во десерти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk