Home » Мојсовска: Не се потребни мерки за замрзнување на цените туку потребна е човечка одговорност во ланецот на трговија

Мојсовска: Не се потребни мерки за замрзнување на цените туку потребна е човечка одговорност во ланецот на трговија

by Журнал.мк

Претседателката на Националната Федерација на Фармери, Васка Мојсовска во 24 анализа рече дека не се потребни мерки за замрзнување на цените или маржите туку потребна е човечка одговорност во ланецот на трговија. Според неа, за полесно функционирање потребно е да се направи и договорено производство.

„Ние не треба да сме во ситуација да применуваме мерки за да замрзнуваме маржи или цени треба да имаме човечка одговорност во ланецот на трговијата и емпатија каде секој треба да заработи за тоа што го работи и таа зарботка не треба да е без осет. Земјоделците произведуваат производи. Не е логички 175 денари крставица но ако тие цени ги земаат змејоделците може да го оправдам тоа но ситуацијата е таква што земојделецот произведува и носи на откупен пункт каде се диктираат цените и потоа следи ланец откупувач, диострибутер и така натму“, изјави Мојсовска.

Таа рече дека потребно е да се направи договорено производство но и здружување во земјоделски задруги.

„Ние како Национална Федерација на Фармери долги години апелираме да се направи договорено производство, според Законот за земјоделство ние имаме обврска кон сите производи. Кога ќе имаме почитување ќе имаме производство и со квалитет и со квантитет. Истата ситуација е со откупот. Договорот за откупни цени е на маса меѓу луѓето кои откупуваат без разлика какви цени имаме. Ние имавме ситуација грозје да се откупува по 1 или 2 денари кога беше кризата но потоа знаеме колку млилитри се поризведува од тоа грозје и колку се продаваа вината. Немаме алка која дава меѓусебна доверба со земјоделците и откупувачите. Недостаток е што не сме здружени, го испуштивме ова од порано и ние како држава не успеавме тоа да го вметнеме и нашите земјоделци да се здружат во задуги“, рече Мојсовска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk