Home » МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

by Журнал.мк

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите.

Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на претседателот на државата.

„Преку официјалниот интерен комуникациски систем досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува претседателката да ги потпише указите за нивно отповикување“, се вели во соопштението на Министерството.

Нагласија дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.

„Воедно, укажуваме дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат фабрикувани и неточни фотографии од наводна имејл-комуникација меѓу вработени во Министерството. Со цел расчистување и соодветно процесирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи“, велат од МНР повикувајќи ги медиумите да ја проверат автентичноста пред објавувањето на информациите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk