Стресот на работа негативно влијае на менталното и физичкото здравје на работниците. Според психолог Мирјана Јовановска Стојановска, стресот може да има големи последици но свесноста за тоа сеуште не е на потребното ниво.
Работниот стрес најмногу ги погодува оние кои првпат се вработуваат. Сепак, многу малку од нив бараат професионална помош.
Според психолозите, во моментите кога вработените чувствуваат стрес на работа, треба да се релаксираат со нешто што ќе ги поттикне да размислуваат позитивно. Според нив, малите компании треба да имаат барем еден психолог, додека поголемите компании треба да имаат повеќе од двајца психолози. Најстресни професии, според експертите, се полиција, војска, новинарството и други.