Home » Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада

Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада

by Журнал.мк

Разговорите за формирање на новата влада се уште траат. Се најавува дека наскоро би можело да биде објавено дека е постигнат конечен договор за влада. Медиумите веќе објавуваат неофицијални информации за поделбата на ресорите и за можниот нов претседател на Собрнаието. За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав, каде најмногу пратеници ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ ќе има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, а Левица и ЗНАМ по шест пратеници.

Тимчо Муцунски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за преговори за новата влада синоќа изјави дека блиску се до конечен договор со Вреди без да посочува детали.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More